недела, 5 јули 2026

Ибрахимовиќ: Да играв јас против Парагвај, ќе добиев 4-5 црвени картони

Франција со 1-0 го победи Парагвај во меч кој изобилуваше со груба игра од страна на јужноамериканската селекција.

Објавено на

часот

Сподели

Парагвај играше дефанзивна тактика со остри дуели, а Французите кои постојано беа удирани и провоцирани се мачеа да го најдат патот до мрежата. Тоа им успеа од пенал, стрелец беше Мбапе.

Ибрахимовиќ кој е стручен аналитичар на Фокс на овој Мундијал, го прокоментира натпреварот.

„Доколку јас играв вечерва, ќе добиев 4-5 црвени картони. Не сакам кога луѓето ме провоцираат, сакам да играм вистински натпревар. Но, Франција покажа смиреност, остана релаксирана, им дадоа насмевка. И тоа е најдобар начин да се одговори – насмевнете се и не потпаѓајте на нивните провокации“, рече Ибрахимовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ