недела, 5 јули 2026

Муцунски во официјална посета на Катар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на државата Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.

Во програмата се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи.

За време на посетата, од МНРиНТ посочуваат, дека се очекува да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ