недела, 5 јули 2026

Крим остана без струја (ФОТО+ВИДЕО)

Украина нападна неколку трафостаници на Крим во текот на ноќта, поради што полуостровот под руска окупација остана без струја, објавија социјалните медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објави Телеграм- каналот „Ексиленова плус“. Проукраинскиот канал „Кримски ветер“ претходно извести за прекини на електричната енергија низ Крим како резултат на напади врз енергетската инфраструктура, пренесува Киев Индепендент.

Украина редовно извршува напади врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и на окупираните територии во обид да ја поткопа способноста на Москва да ја продолжи војната.

Претходни напади на Крим

Украинската служба за безбедност (СБУ) објави на 3 јули дека во текот на ноќта нападнала две руски воени воздухопловни бази во окупираниот Крим. Во нападот, втор врз воздухопловната база Саки за една недела, беа оштетени или уништени најмалку седум воени авиони.

Според СБУ, украинските беспилотни летала погодиле седум хангари во воздухопловната база Саки, каде што Русија има борбени авиони Су-30СМ и Су-30 и бомбардери Су-24. Службата објави дека најмалку седум авиони биле уништени или оштетени во нападот.

Командантот на украинските сили за беспилотни системи (УСФ), Роберт „Маџар“ Бровди, на 2 јули извести дека неговите сили нападнале 12 трафостаници и една станица за дистрибуција на гас на териториите окупирани од Русија за време на 48-часовната операција.

Киев ги смета ваквите енергетски објекти за легитимни воени цели бидејќи тие ѝ овозможуваат на Русија воени напори против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ