понеделник, 6 јули 2026

Гаши поддржува електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија Алтернатива.

Тој информираше дека на 13 јули е седницата за реконструкција на Владата, која треба да трае два дена. а новите членови на Владата ќе се гласаат поединечно.

На 15 јули е закажана нова седница на која се и опозициските прашања.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае до 8 јули, кога почнува разгледувањето на амандманите. Поднесени се 224 амандмани, а тој треба да се најде на седница на 23 јули.

На 30 јули е седницата за пратенички прашања, последна пред летниот одмор на пратениците.

На Илинден Гаши годинава ќе се обрати во Крушево.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ