понеделник, 6 јули 2026

Бројот на загинати во Венецуела надмина 3.300, повредени се 16.470

Бројот на жртви од двата разорни земјотреса што ја погодија Венецуела се искачи на 3.342, соопшти во неделата Министерството за информации на Венецуела, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според новите податоци, објавува овој медиум, бројот на повредени е 16.470, додека бројот на луѓе што останале без покрив над главата се зголемил на 17.345.

На церемонијата по повод 215-годишнината од независноста на Венецуела, привремената претседателка Делси Родригез го бранеше начинот на кој владата се справи со земјотресот, во услови на растечко јавно незадоволство поради она што многумина го сметаат за задоцнет и недоволен одговор на катастрофата.

Родригез изјави дека веднаш по земјотресот распоредила безбедносни сили и дека е формирана нова воена единица за да помогне во реагирањето во вонредни ситуации и природни катастрофи.

На 24 јуни 2026 година, северните и централните делови на Венецуела беа погодени од разорен сеизмички дублет – два последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтер.

Епицентарот бил во општината Вероес на длабочина од само 10 километри, а сателитските радарски снимки на НАСА покажуваат дека во најтешко погодените области (главниот град Каракас и крајбрежната држава Ла Гваира) речиси 59.000 објекти биле оштетени или целосно уништени.

Додека меѓународните тимови продолжуваат да извлекуваат преживеани од урнатините во екстремни услови, ситуацијата на терен е дополнително комплицирана од стотици последователни потреси, колапс на електричната и водоводната мрежа, оштетување на главниот аеродром и тропски дождови што се закануваат да предизвикаат лизгање на земјиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ