недела, 5 јули 2026

Товарен брод нападнат во Црвеното Море покрај брегот на Јемен

Товарен брод беше нападнат во Црвеното Море во неделата, соопшти поморската агенција на Велика Британија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во близина на големиот јеменски пристанишен град Ал Худајда, при што бродот испратил повик за помош во кој се наведува дека бил нападнат од „непознати вооружени напаѓачи“, соопшти Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО).

УКМТО соопшти дека властите го истражуваат инцидентот. Тие, исто така, издадоа предупредување до другите бродови што минуваат низ областа. „На бродовите им се советува да продолжат внимателно и да пријават каква било сомнителна активност до УКМТО“, се додава во соопштението.

Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Нападите на бродовите во тој регион започнаа во 2023 година од бунтовниците Хути, кои контролираат делови од брегот на Црвеното Море, но тие напади оттогаш се запрени. Американскиот Стејт департмент ги прогласи Хутите за терористичка организација.

Сомалиските пирати исто така неодамна беа активни подалеку во Аденскиот Залив.

Се верува дека пирати нападнале еден брод на 140 километри југоисточно од пристанишниот град Балхав во југозападен Јемен на 1 јули. Бродот претрпе помала штета, пренесе УКМТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ