недела, 5 јули 2026

Мицкоски: За две години сервисиравме околу 4,5 милијарди евра долг

Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада на СДСМ и ДУИ. Се разбира, има и дел од порано, но во најголем дел, процентуално тоа е нешто повеќе три четвртини, изјави денеска Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се вратени 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест гдоини. Тој посочи дека се вратени предвреме со што, рече, се заштедени неколку милиони евра.

„Ние ги сервисираме тие обврски, истовремено изнаоѓаме средства за инфраструктурни проекти. Потпишавме и колективни договори со образованието, со здравството, со адмнистрацијата итн. Кога се работи домаќински се санираат сите оние штетни последици од едно време кое не би сакал никогаш да се повтори ниту за граѓаните, ниту за државата“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.

Споредувајќи ги економските параметри премиерот рече дека  во периодот на владата на СДСМ и ДУИ растот на Бруто-домашниот производ бил нешто под 1,8 проценти, а во седум квартали од владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече, е речиси двојно поголем односно 3,5 проценти.

„Ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Сè уште треба време за посериозно да почне да се чувствува, но веќе насекаде се гледа она што се работи во овие две години“, додаде Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ