недела, 5 јули 2026

Мицкоски во Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска престојува во Општина Кавадарци, каде присуствуваше на поставување камен-темелник на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ и изврши увид во текот на реализацијата на проектот за изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште, со што ќе се запознае со динамиката на градежните активности на терен.

Објавено на

часот

Сподели

Се гради во нов, модерен спортски објект во рамките на Спортскиот центар. На површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат ќе има куглана, бифе, сала за гимнастика, како и апартмани за сместување на спортисти на горниот кат. Преку вториот повик на Владата, вложени се 118.000.000 денари за развој на спортот и развојот на општината.

На втората локација, во тек се подготовките на просторот за изградба на новата картинг – патека во месноста Моклиште. Комплексот ќе се простира на површина од 2.700 квадратни метри и покрај современата картинг-патека, ќе содржи и пропратни објекти.

Со овој проект, како што беше истакнато, градот ќе добие нова спортско-рекреативна содржина што досега недостасуваше во регионот – место за адреналин, дружење и развој на мото-спортот. Инвестицијата е во висина од 35 247 407 денари.

Мицкоски по тој повод даде изјава:

„Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од Советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари.
Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата со кои посветено работиме за секој проект што е почнат пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините да биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме на овој начин да продолжиме и во годините што следат, да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните“, рече Мицкоски и посака за една година повторно да дојде на отворање на објектот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ