На регионалниот пат Гостивар – село Градец, полициски службеници запреле мотоцикл „јијинг“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Б.Е. (40) од село Неготино, Гостиварско. При контролата било утврдено дека лицето го управувало возилото пред да се стекне со право на управување, односно без возачка дозвола.
Запрен бил и мотоцикл „хинјуе“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Л.И. (26) од Неготино, за кого при контрола исто така било утврдено дека не поседува возачка дозвола.
Двајцата возачи се лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од КЗ „безобзирно управување со моторно возило“, а мотоциклите се одземени и по документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во Гостивар на булеварот „Браќа Ѓиноски“ полициски службеници запреле патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р. (21). При контролата е констатирано дека возачот не поседува возачка дозвола.
Рано утрово на крстосницата од улицата „Љубо Божиновски Пиш“ со булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.А. од село Ласкарци. При контрола е утврдено дека истиот го управувал возилото без возачка дозвола, по што е лишен од слобода, а возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






