Ивановски имаше одличен влез во мечот, го доби првиот сет со убедливи 6-1, но следуваше пад, Украинецот го доби вториот сет со 6-0 и израмни на 1-1.
Македонскиот тенисер успеа да се крене и да блесне во третиот решавачки сет кој го доби со 6-2 и ја завери победата.
Покрај Ивановски, на титула на овој турнир се израдуваа и Обрад Марковски и Горазд Србљак кои синоќа победија во финалето во двојки.






