недела, 5 јули 2026

Идентификуван е фрлачот на ѓубре во реката Пена (ВИДЕО)

Откако пред неколку дена Јавното комунално претпријатие Тетово објави видео снимка од несовесен граѓанин како  фрла отпад во реката Пена, полицијата брзо го идентификува сторителот и поднесе соодветна пријава.

Објавено на

часот

Сподели

„По претходно објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како возач на патничко моторно возило ‘цитроен’ со тетовски регистарски ознаки фрла бели вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена во близина на улицата ‘Видоје Смилевски Бато’, СВР Тетово презеде итни оперативни мерки. По извршените проверки на сопственоста и полномошно на возилото, пронајден е сторителот Б.С., кој на лице место го признал делото“, соопштија од СВР Тетово.

Лицето сега ќе се соочи со судска постапка за кривичното дело „Загадување на животната средина и природата“, за што следуваат високи парични казни, но и затворска казна во зависност од сериозноста и последиците од самото дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ