недела, 5 јули 2026

На погребот на Хамнеи повикаа на убиство на Трамп: „Зошто е сѐ уште жив?“ (ВИДЕО)

На погребот на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи во неделата, еден говорник повика на смрт на американскиот претседател Доналд Трамп. Повикот за убиство доаѓа во време кога продолжуваат преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за завршување на војната, пренесува Еуроњуз.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се пред толпата пред да се помоли над телото на Хамнеи, Мохамед Расули праша: „Зошто не го убиеме оној што го уби мојот имам и мојот лидер?“ Потоа додаде: „Срамно е за нас ако не го убиеме неговиот убиец“.

Расули, исто така, ги повика присутните да скандираат „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“ и рече дека „убиството на Трамп е наша должност“. Неговото прашање: „Зошто најодвратниот човек на светот е сè уште жив?“, беше дочекано со аплауз од насобраната толпа.

Симболи на одмазда и закана

На маргините на церемонијата беа видливи постери и слогани во поддршка на идејата за атентат врз Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Над куполата на Мосала во Техеран беше подигнато црвено знаме со натпис „Ја Литарат ал-Хусеин“ („За одмаздникот на Хусеин“), симбол на повикот за одмазда за убиството на Хусеин ибн Али, третиот шиитски имам.

Многу учесници носеа и црвени знамиња како симбол на одмазда. Според извештаите, толпата на погребната церемонија во неделата била значително поголема отколку претходниот ден.

Трамп: Тие се желни да постигнат договор

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој потврди дека ја следи погребната церемонија, коментираше за настаните. Зборувајќи од планината Рашмор во пресрет на 250-годишнината на Америка, изјави дека САД „го скршиле Иран“ и дека Техеран „умира од желба да се договори“. „Толку сакаат да се договорат“, продолжи тој, додавајќи: „Им дадовме една недела одмор за погребот затоа што сме добри“.

Во интервју за Аксиос, Трамп беше уште подиректен. „Сите се таму. Еден обид и можеме да ги елиминираме сите, но нема да го сториме тоа бидејќи тогаш нема да имаме со кого да преговараме“, рече тој. Коментарите доаѓаат откако Трамп во јануари за „Њуз Нејшн“ изјави дека дал „многу силни инструкции“ да биде „избришан од лицето на Земјата“ доколку Иран некогаш се обиде да го убие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ