недела, 5 јули 2026

15-годишник украл возило, удрил во бетонски ѕид и побегнал

Во Велес вчера 15-годишник украл возило, удрил во бетонски ѕид и побегнал. Подоцна полицајци, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со 15-годишникот.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е осомничен дека на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на О.Т. (63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ