вторник, 7 јули 2026

Леклер победи во возбудлива трка во Велика Британија

Шарл Леклер победи на трката за Големата награда на Велика Британија, една лоша одлука на Ферари е причина што Луис Хамилтон не заврши втор, тој е на третото место, а меѓу двата клупски колеги е Џорџ Расел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најголем губитник денеска беше Кими Антонели, кој беше лидер во трката, но во последните кругови имаше проблеми со болидот поради кои мораше да ги напушти горните позиции.

Голем пех имаше и Макс Верстапен чиј болид откажа на четири круга пред крајот поради што трката заврши со безбедносно возило.

Додека безбедносното возило беше на патеката, болидите на Ферари влегоа во боксот, Леклер остана прв, Хамилтон беше втор, но тоа влегување во боксот го чинеше загубена позиција, Расел излезе пред него и веќе немаше можност за претекнување.

Меѓу најдобрите десет беа Ландо Норис, Исак Хаџар, Лиам Лоусон, Арвид Линдблад, Габриел Бортолето, Франко Колапинто и Пјер Гасли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ