понеделник, 6 јули 2026

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади

Околу 30 ученици биле испратени минатиот и овој месец да ја претставуваат нашата земја на меѓународни научни олимпијади, без грижа за нивните семејства дали ќе можат да ги покријат трошоците за патување и котизација, информираше попладнево министерката за образование и наука Весна Јаневска на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука и Владата целосно ги финансираат, втора година по ред.

„Така ќе биде и понатаму. Нашите таленти заслужуваат целосна поддршка за да напредуваат, да ги развиваат своите знаења и да покажат дека Македонија има млади луѓе кои рамноправно се натпреваруваат со најдобрите во светот “, порача министерката во објавата на социјалната мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ