„На пожарот е интервенирано со една екипа, едно возило и двајца пожарникари. Гореше сува трева- изјави командирот на смена во ТППЕ Куманово“, Чедомир Кипријановиќ.
На потегот од Спомен-костурницата до населбата „Перо Чичо“, во изминатиот период е меѓу местата каде често избувнуваат пожари на отворен простор. Жителите од овој дел на градот повеќепати реагираа поради чадот од запалената сува вегетација и отпад. Поради зачестените пожари, кон крајот на јуни заседаваше Општинскиот штаб за заштита и спасување, кој донесе повеќе мерки за превенција. Меѓу нив се формирање заеднички тимови на општинскиот инспекторат и МВР за надзор на критичните локации, како и воспоставување привремен пункт на Противпожарната единица кај Спомен-костурницата за побрза интервенција.
Од локалната самоуправа претходно апелираа граѓаните да не палат оган на отворено, да пријавуваат сомнителни случаи на намерно предизвикување пожари и редовно да ги одржуваат површините околу своите објекти, со цел да се намали ризикот од нови пожари.






