понеделник, 6 јули 2026

Репрезентативец на Англија се повреди додека славеше победа на СП (ВИДЕО)

Англија се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, но по триумфот над Мексико доби неочекуван проблем со Џордан Хендерсон.

Објавено на

часот

Сподели

Искусниот играч за врска се повредил за време на прославата по натпреварот, откако при прескокнување на рекламните панели незгодно го повредил зглобот на раката. Медицинскиот тим веднаш реагирал, а фудбалерот на Брентфорд бил изнесен од теренот на носилки.

Селекторот Томас Тухел призна дека жали што повредата е заработена на ваков начин и додаде дека засега не може да каже кога Хендерсон ќе биде подготвен за враќање на терените.

Џордан го повреди зглобот. Изгледа навистина лошо. Се работи за сериозна повреда и во моментов е во болница“, изјави Тухел.

Англија во четвртфиналето ќе игра против Норвешка, која приреди изненадување и го елиминираше Бразил со победа од 2-1. Натпреварот е закажан за 11 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ