понеделник, 6 јули 2026

Кина тестираше балистичка ракета во Јужниот Пацифик

Кинеската војска денеска тестираше ракета од нуклеарна подморница во Тихиот Океан, објавија државните медиуми, потег што го критикуваа Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Нуклеарна подморница на Народноослободителната армија испали ракета со лажна боева глава кон меѓународните води во Тихиот Океан во 12 часот и една минута по локално време, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата паднала во „за тоа определените води“, се додава во соопштението, без да се открие нејзината точна локација. Синхуа го опиша лансирањето како „рутинска постапка“ како дел од годишната воена обука на Кина и рече дека не е насочено против која било конкретна земја или цел.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека Кина ја известила владата за планираниот тест, но го опиша како „дестабилизирачки“ за регионот. Јапонската влада соопшти дека и таа добила известување за лансирањето на ракетата, но ја повика Кина да го преиспита потегот.

„Изразивме длабока загриженост за зголемената активност на кинеската војска“, нагласи официјален Токио, додавајќи дека кинеските власти вчера ја информирале јапонската крајбрежна стража за остатоци што би можеле да паднат во ексклузивната економска зона на Јапонија.

Јапонската новинска агенција Кјодо денес објави дека ракетата паднала надвор од таа зона. Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, изјави дека неговата земја е длабоко загрижена поради тестот и дека била информирана за лансирањето „неколку часа“ однапред.

„Нов Зеланд го смета ова за непожелен и загрижувачки развој на настаните. Ние, како и нашите соседи во другите земји од Пацификот, немаме интерес Кина да го користи Јужниот Пацифик како полигон за тестирање на своите ракетни капацитети“, рече Питерс во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ