понеделник, 6 јули 2026

УЕФА е шокирана од одлуката на ФИФА за црвениот картон на Балогун

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) остро реагираше на одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на фудбалерот на САД, Флориан Балогун и да му дозволи да настапи против Белгија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа се случи голем скандал кога ФИФА по барање на Доналд Трамп ја корегираше одлуката за суспензија на Балогун поради црвен картон.

Наместо суспензија, сега одлуката е условна казна во рок од една година. Одлука која крена лавина реакции бидејќи е невидена досега. УЕФА е згрозена од она што го направи ФИФА и излезе со соопштение во кое го кажа својот став.

„Вчерашната одлука за условна суспензија во период од една година за спроведување на автоматската суспензија од еден натпревар по црвениот картон даден на фудбалерот Флориан Балогун ја премина црвената линија“, велат од УЕФА.

„Фудбалот, како и секој друг спорт, се потпира на правила, кои се основа за фер, чесно и транспарентно натпреварување. Понекогаш правилата се отворени за толкување. Во овој случај не. Минималната автоматска суспензија од еден натпревар по црвениот картон не е дискрециона опција и не бара донесување одлука од надлежен орган. Тоа е принцип вграден во прописите, кој не може да биде предмет на исклучоци, а камоли во средината на турнирот каде што неколку други играчи биле во иста ситуација и редовно ја отслужувале својата суспензија“.

„Кога сигурноста на правилата повеќе не е гарантирана од нејзините чувари, интегритетот на играта е во прашање и кредибилитетот на натпреварувањето е поткопан. Исто така, таквата одлука создава преседан на тековниот турнир, каде што слични ситуации сега ќе бараат еднаков третман, на штета на натпреварувањето“.

„Фудбалот е најсаканиот спорт во светот бидејќи е прекрасна игра и секаде се игра по исти правила. Турнирот никогаш не е самостоен турнир и, ако турнирот за кој станува збор е Светското првенство, тој има моќ да предизвика позитивни или негативни последици врз играта како целина“.

„Ние изразуваме неверица за таквата невидена, неразбирлива и неправедна одлука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ