Португалскиот капитен во пресрет на осминафиналната пресметка против Шпанија откри дека сака максимално да ужива во турнирот, но и дека се надева оти неговата мундијалска приказна нема да заврши веќе по овој натпревар.
„Сакам да уживам во ова колку што е можно повеќе, затоа што ова ќе биде моето последно Светско првенство. Но, се надевам дека утре нема да биде мојот последен натпревар на Светско првенство“, изјави Роналдо.
Доколку Португалија биде елиминирана, тоа ќе биде последниот мундијалски натпревар во кариерата на Роналдо. Ова му е шесто Светско првенство, со што стана првиот фудбалер во историјата кој настапил на шест различни Мундијали.
Во дресот на Португалија има 232 настапи и 146 голови, а е и единствениот играч кој постигнал погодок на шест различни Светски првенства.
Со португалската репрезентација го освои Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.






