недела, 5 јули 2026

Ѓоковиќ го мина Федерер, Новак е тенисер со најмногу победи на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со 3-1 (7-6, 6-3, 3-6, 6-3) во сетови го победи Роман Сафиулин и урна рекорд на Роџер Федерер, стана тенисерот со најмногу победи на Вимблдон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со минатата победа Ѓоковиќ се изедначи со Федерер со по 105 победи, а со денешниот триумф го надмина Швајцарецот, Србинот сега има 106 победи и е прв на оваа листа.

Денешниот меч против Сафиулин го почна со тежок сет, се играше тајбрејк во кој беше подобар со 8-6 и поведе со 1-0.

Новак го доби вториот сет со 6-3, но идентично врати неговиот противник во следниот сет и намали на 2-1.

Четвртиот сет му припадна на Ѓоковиќ, повторно со 6-3, со што ја завери победата од 3-1.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Оже-Алиасим и Давидович Фокина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ