недела, 5 јули 2026

Пожарот кај Рампа е изгаснат, градоначалникот им се заблагодари на посветеноста на пожарникарите

Пожарот што попладневно избувна во магацин на Јужен булевар кај Рампа во Скопје е ставен под контрола. Еден пожарникар е повреден и веднаш бил пренесен во болница. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил им се заблагодари на брзата и храбра интервенција на пожарникарите.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.
Фала му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност.
Ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.
Токму затоа, нашите заложби за модернизација на бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска.
Длабок поклон до сите пожарникари за брзата реакција, професионалноста, храброста и посветеноста. Скопје денес виде што значи пожртвуваност на дело“, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ