недела, 5 јули 2026

Поранешен израелски министер тврди: Израел ќе остане без муниција за десет дена

Поранешниот израелски министер за одбрана и лидер на партијата „Јисраел Бејтену“, Авигдор Либерман, изјави дека израелската војска ќе остане без муниција за десет дена.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, тој остро го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада.

Зборувајќи за израелската државна телевизија КАН, Либерман го критикуваше владиниот предлог за ослободување на ултраортодоксните Евреи (Хареди) од задолжителна воена служба.

Тој ја обвини владата на Нетанјаху дека, со цел да ја зачува владејачката коалиција, е подготвена да ги загрози државните интереси.

„За десет дена израелската војска ќе остане без муниција“, рече Либерман.

Коментирајќи го предлог-законот со кој Харедите би биле ослободени од задолжителниот воен рок, Либерман оцени дека со него практично се легализира избегнувањето на воената служба.

Либерман исто така тврдеше дека Хамас ја зацврстил контролата во Појасот Газа и дека повторно почнал да произведува ракети.

Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, претходно ги отфрли тврдењата дека групата забрзано ги обновува своите воени капацитети.

Тој изјави дека Израел шири пропаганда со вакви изјави за да ги оправда континуираните напади врз Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ