Прославите по повод Денот на независноста во Соединетите Американски Држави оваа година беа нарушени со насилство, при што во престрелки и експлозии загинаа најмалку пет лица, а десетици беа повредени во повеќе градови, соопштија официјални лица.
Полицијата во Њујорк соопшти дека маж со црна скијачка маска отворил оган врз семејства собрани на скара во Кони Ајленд, Бруклин, доцна во саботата, при што повредил најмалку осум лица, меѓу кои и четири деца, објави Ен-би-си синоќа. Напаѓачот избегал пеш, а властите соопштија дека работат на негово идентификување и апсење.
Во Флорида, 19-годишник беше убиен, шест други беа ранети од огнено оружје во центарот на Пенсакола вчера, нешто по 1 часот по локално време. Шефот на полицијата во Пенсакола, Ерик Винстром, на прес-конференција изјави дека „најмладата жртва во овој случај имала 16 години“ и дека повредените се на возраст од 16 до 26 години.
Eight people, including four children, were injured in a shooting in New York’s Coney Island on US Independence Day. Police recovered a firearm, hospitalised all the victims and said no arrests had been made. #newyork #coneyisland #shooting #crime #breakingnews #usa #nypd… pic.twitter.com/UVuY0ZoJzM
— The Federal (@TheFederal_News) July 6, 2026
Пукање имаше вчера и во Форт Вејн, Индијана, во кое една жена загина, а осум возрасни лица беа згрижени поради рани од огнено оружје кои не се опасни по живот, соопшти полициската управа на Форт Вејн.
Во Комптон, Калифорнија, една жена и еден маж беа убиени, а тројца други беа повредени на голема забава, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.
Во Дејтон, Охајо, четири лица беа повредени во пукотница ноќта помеѓу 3 и 4 јули во округот Орегон, населба позната по ноќниот живот.
Во Кантон, Охајо, 46-годишна жена била застрелана во грб додека спиела во кревет откако осомничениот и другите наводно пукале во воздух и поставиле огномет за да го прослават празникот 4 јули. Осомничениот, Дариус Џ. Лајшман бил уапсен и обвинет за кривично дело напад и неправилно пукање со огнено оружје во станбена зграда.
Во Сент Луис, Мисури, тинејџер (17) беше убиен во пукотница околу полноќ во саботата, а уште две момчиња, и двете на 16 години, беа однесени во болница со прострелни рани, соопшти полицијата.
Во Чино, Калифорнија, во експлозија на огномет загина едно лице, а уште две лица беа сериозно повредени.






