понеделник, 6 јули 2026

Англија со десет фудбалери го победи Мексико за место меѓу најдобрите осум (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Англија е нов четвртфиналист на Мундијалот по победата од 3-2 над селекцијата на Мексико во натпревар со филмско сценарио. Англичаните речиси цело второ полувреме се бранеа со фудбалер помалку, но успеаја да ја сочуваат предноста и да обезбедат место меѓу осумте најдобри.

Објавено на

часот

Сподели

Овој исклучително динамичен и отворен дуел донесе огромни возбудувања, а по неговиот завршеток уште еден од кодомаќините предвреме го заврши својот настап на Светското првенство.

Гордиот Албион го скрши отпорот на противникот во 36. минута кога Сака одлично центрираше, а Џуд Белингем со прецизен удар со глава погоди за 1-0.

Дека Мексиканците беа во нокаут потврдуваат следните 99 секунди. Веднаш по тргнувањето од центарот Англија ја украде топката, Белингем и Кејн одиграа одлична комбинација, по што членот на Реал Мадрид одново ја затресе мрежата за експресни 2-0.

Сепак, пред самиот крај на првиот дел, Кинонес искористи една прилика и намали на 1-2, најавувајќи ја драмата во продолжението.

Ситуацијата за Англија стана критична во 54. минута кога Кванса заработи директен црвен картон поради преостар старт. Поради долгото судиско продолжение, Англичаните беа принудени да играат со десетмина повеќе од 45 минути.

И во таква ситуација, Англија во 60. минута дојде до 3-1, откако Хари Кејн беше прецизен по досудениот пенал.

Драмата кулминираше неколку минути подоцна кога токму Кејн направи најстрога казна во сопствениот шеснаесетник, а Раул Хименез погоди од белата точка за 2-3.

Мексико до последната секунда ја напаѓаше англиската одбрана во потрага по гол за продолженија, но избраниците на Англија останаа стабилни и извојуваа голема победа.

За пласман во полуфиналето Англија ќе ги одмери силите со Норвешка, која претходно приреди првокласна сензација со елиминацијата на Бразил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ