Многу прав крена одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на Балогун и тој да игра против Белгија. Уште повеќе е скандалозно што оваа одлука доаѓа по интервенција на Доналд Трамп.
„Да бидеме јасно, тоа не беше црвен картон. Но, ВАР реагираше, одлуката беше донесена. Тоа што одлуката сега е промената за мене е страшно“, вели Тухел.
„Мислам дека не требаше да добие жолт картон Деклан Рајс. Дали на Франција и го поништија жолтиот картон за Мајкл Олисе кој не беше жолт картон?“.
„Каде почна ова и каде ќе заврши? Дали треба ние да се жалиме за црвениот на Кванса? Дали Хари Кејн треба да го замоли претседателот Трамп да му го поништи црвениот на Кванса? Можеби“.






