понеделник, 6 јули 2026

Погребна поворка со телото на поранешниот ирански врховен лидер тргна по улиците на Техеран

Погребната поворка со телото на поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, тргна денес по улиците на Техеран, како дел од повеќедневната погребна церемонија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ковчегот со телото на Хамнеи обвиткано со знамето на Исламската Република Иран, ќе биде превезен низ градот со камион, заедно со останките на членовите на неговото семејство кои загинаа на 28 февруари, на самиот почеток на војната на Иран со Израел и САД.

Ковчезите ќе поминат низ улиците на Техеран на пат кон меѓународниот аеродром Мехрабад.

Телото на Хамнеи потоа ќе биде пренесено во Ком, потоа во Наџаф во Ирак, а во четврток ќе пристигне во Машхад во североисточен Иран, каде што ќе биде погребан.

Иранската теократија планира голем број луѓе да присуствуваат на церемонијата низ целиот град, за да ја покажат огромната поддршка на народот за властите.

Иранската државна телевизија објави дека поворката тргнала. Властите ги затворија улиците и воздушниот простор, а секојдневниот живот запре.

Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за целосно отворање на Ормускиот теснец, суспендирање на нуклеарната програма на Иран и трајно завршување на војната сè уште се во тек и ќе продолжат со полн интензитет по погребот на Хамнеи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ