понеделник, 6 јули 2026

ЦУК: До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, еден сè уште е активен

До 13 часот на територијата на целата држава регистрирани се шест пожари на отворен простор, еден сè уште активен, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активен е пожарот е во Општина Куманово, во месноста Пармакови Ниви, каде гори сува трева.

Петте изгаснати пожари се евидентирани на неколку локации низ земјата. Во Општина Демир Капија, во селото Прждево, биле зафатени две куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума. Во Општина Ѓорче Петров, во селото Волково кај Лепенец, била опожарена депонија.

Во Општина Новаци, во селото Новаци, горела сува трева, додека во Општина Дебар бил опожарен отпад (ѓубре). Во Општина Кочани, помеѓу селата Грдовци и Мојанци, била зафатена депонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ