понеделник, 6 јули 2026

Хоџа: Обновата на А-интегрираната дозвола за Титан Усје ќе биде транспарентна

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата Титан Усје во Скопје, потенцира на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој закон ќе биде обновена А-интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет.

Објавено на

часот

Сподели

„Барањето, како што знаете, е објавено, расправата се одржа во петокот и течат процедурите што се предвидени за обнова на дозволата. Тоа што беше кажано во расправата, тоа што јас сум го кажал и го повторувам, новата дозвола на „Усје“ ќе биде со параметри со новиот закон кој влегува во сила во септември 2027 година. Тоа може да го ветам – дека целата постапка ќе биде транспарентна и јавноста ќе биде цело време известена за сите постапки, кои ќе се одвиваат во текот на обновата на дозволата“, изјави Хоџа.

Инаку, во петокот се одржа јавна дебата за издавањето на новата А-интегрирана дозовола за Титан Усје, на која учествуваа граѓани, членови на еколошки и граѓански здруженија, претставници на комапнијата, како и на надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ