понеделник, 6 јули 2026

Велосипедист тешко повреден во судир со автомобил кај Радуша

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчераутро на општинскиот пат меѓу селата Радуша и Дворце, тешко е повреден 68-годишен велосипедист од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, била пријавена на 5 јули околу 8:50 часот, на местото викано „Сува Река“. Во неа учествувале патничко возило опел зафира со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј. (20) од село Дворце, како и двајца велосипедисти – К.Ш. (68) и А.Г. (61), двајцата од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди се здобил К.Ш., кои му биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ