Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина.
„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа – велат од Министерството.
Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот евидентирани се над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95 отсто од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
„Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење “, велат од Министерството.
Од МВР посочуваат дека продолжуваат со неговата имплементација во целата држава, затоа што, како што потенцираат, нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите.
„’Безбеден град’ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива -“, велат од МВР.






