понеделник, 6 јули 2026

Покетино наместо да се засрами, ја поздрави одлуката за одложување на суспензијата на Балогун

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, изрази задоволство од одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на Фоларин Балогун, кој доби црвен картон на натпреварот против Бoсна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аргентинскиот стратег смета дека напаѓачот бил неправедно исклучен и дека неговата селекција платила висока цена, играјќи со фудбалер помалку во завршницата од натпреварот.

„Мислам дека кој го следи фудбалот и верува во етика, треба да ја прослави оваа одлука. Бевме казнети против БиХ, игравме со 10 фудбалери дури 35 минути поради неправедна одлука“, изјави Покетино.

Одлуката на ФИФА предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, особено по информациите дека во целиот случај се вклучила и Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ