понеделник, 6 јули 2026

Џорџ Клуни е добитник на „Златен лав“ за животно дело на филмскиот фестивал во Венеција

Наградата ќе му биде доделена на Џорџ Клуни за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Џорџ Клуни ќе го добие „Златниот лав“ за животно дело на овогодишниот Венецијански филмски фестивал, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември.

„Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и освојувањето на Златниот лав е огромна чест. Тоа веројатно значи и дека остарев, но ќе го прифатам тоа“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и продуцент.

Алберто Барбера, уметнички директор на најстариот филмски фестивал во светот, го опиша двократниот добитник на Оскар како комплетен и харизматичен уметник.

„Неговите ликови делуваат не само убедливо, туку и привлечно, достапно и човечки, благодарение на неговиот неоспорен шарм“, рече Барбера.

Тој додаде дека харизмата на Клуни е „изградена врз неговата автентичност, а не врз неговиот имиџ, бидејќи неговата заводлива страна никогаш не била само естетска“.

„Совршена комбинација од ѕвезден гламур од некои минати времиња, исклучителен професионализам и модерен сензибилитет“, рече Барбера, опишувајќи ги особините што ја сочинуваат разновидноста на Клуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ