Хари Стајлс е нов Гинисов рекордер по серијата од 12 концерти на стадионот Вембли.
Овој 32-годишен музичар ги надмина Колдплеј, кои одржаа 10 концерти на стадионот на фудбалската репрезентација на Англија во 2025 година.
Гинисовата книга на рекорди соопшти дека неговата концертна серија е „доказ за обемот, амбицијата и културното влијание на неговите настапи во живо, како и за неговата неверојатна поврзаност со неговите обожаватели“.
Серијата настапи во Лондон наречена „Лондон заедно, заедно“ заврши на 4 јули.
На последниот концерт, Стајлс им се заблагодари на членовите на „Уан дајрекшн“, вклучувајќи го и Лиам Пејн, велејќи дека токму нивното пријателство му овозможило да стигне до таа точка во својата кариера.
„Немаше да бидам на оваа сцена да не беа четворицата пријатели кои беа огромен дел од ова патување. Сакам да им се заблагодарам на Најл, Луис, Зејн и на мојот драг пријател Лиам за овие ноќи и за сè што научив во тој период – пријателството, сè… Ништо од ова не би било можно без вас, ви благодарам многу“, рече Стајлс пред публиката.
Турнејата продолжува со концерти во Сао Паоло, Мексико Сити, Њујорк, Мелбурн и Сиднеј.






