вторник, 7 јули 2026

МВР: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30 отсто. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69 отсто. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50 отсто“, пишува во објавата на фејсбук.

Како што дополнуваат, во борбата против трговијата со дрога се откриени 1.600 кривични дела, пријавени околу 1.900 сторители, запленети 6,2 тони наркотична дрога, спречени девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 отсто.

„Паралелно со тоа, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 отсто, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 отсто, што значи поголема сигурност за секое семејство и секоја локална заедница“, се дополнува во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ