вторник, 7 јули 2026

ДУИ: Делегацијата на Самитот на НАТО не ја одразува мултиетничката реалност на Македонија

На Самитот на НАТО во Турција, Македонија се претставува со делегација во која нема ниту еден претставник Албанец, се вели во соопштението од ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор.

Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор.

Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат.

Исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување испраќа погрешна порака до граѓаните, до сојузниците и до самиот карактер на државата.

Државата не е соодветно претставена кога половина од нејзината реалност е оставена надвор“, се наведува во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ