вторник, 7 јули 2026

Москва цел на најголемиот напад со дронови во последните две години

Руските власти соопштија дека Москва била подложена на еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната во Украина. Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, повеќе од 430 дронови биле лансирани кон московскиот регион, привремено ограничувајќи го работењето на аеродромот Шереметјево.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Собјанин изјави дека руската воздушна одбрана соборила 36 дронови во близина на главниот град, објави Киев пост.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави неколку написи на Телеграм во текот на ноќта. Првото соопштение беше објавено околу 3 часот наутро, кога објави дека руската воздушна одбрана пресретнува бранови беспилотни летала.

До утрото потврди дека од вечерните часови до 6 часот наутро кон Московскиот регион летале повеќе од 430 дронови.

„Повеќето од нив беа неутрализирани на приодите кон градот“, рече Собјанин, додавајќи дека 36 дронови биле соборени кога се приближувале кон Москва.

Во текот на ноќта, тој, исто така, извести за паѓање на остатоци од соборени дронови, но не даде информации за жртви или материјална штета.

Руското Министерство за одбрана објави дека вкупно 452 украински дронови биле соборени над руска територија во текот на ноќта. Државната новинска агенција ТАСС соопшти дека ова е најголемиот напад врз Москва во последните две години.

Поради нападот, беа воведени привремени ограничувања во воздушниот простор околу аеродромот Шереметјево, каде што полетувањата и слетувањата беа дозволени само во координација со надлежните воздухопловни власти.

Во последните месеци, украинските напади со дронови со долг дострел сè повеќе достигнуваат до Москва, нарушувајќи го воздушниот сообраќај и таргетирајќи стратешка инфраструктура.

Зеленски: Нападите врз Москва би можеле да го забрзаат крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека поинтензивните напади со дронови врз Москва би можеле да го забрзаат крајот на војната.

Според него, доколку нападите врз руската престолнина продолжат и се интензивираат, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот најблизок круг ќе бидат принудени подиректно да се соочат со последиците од војната.

Зеленски верува дека кога лидерот на Кремљ лично ќе се соочи со вакви напади, неговите советници веројатно ќе почнат да го убедуваат да се пресели „некаде зад Урал“.

„Колку е подалеку Путин од Москва, толку поблиску ќе биде крајот на војната“, рече украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ