Зеленски доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Русија испукала 68 ракети, вклучувајќи бројни балистички ракети, како и повеќе од 350 дронови.
Киев и околниот регион беа главни цели на нападите, рече Зеленски на Телеграм, обвинувајќи ја Москва дека „сака да им нанесе што е можно повеќе страдање и штета на Украинците и Украина“.
Зеленски рече дека спасувачките операции продолжуваат, особено во градот Вишневе во близина на Киев, и додаде дека владата ќе издвои средства за итни случаи за да ѝ помогне на општината, велејќи дека обемот на уништувањето ги надминал капацитетите на локалните власти.
Според последниот биланс, во руските напади загинаа 22 лица, а околу 90 се повредени.





