вторник, 7 јули 2026

По напад со нож во Тетово: При претреси пронајдени три пиштоли, уапсени две лица

По претходно пријавеното кривично дело „насилство“ во Тетово, при кое со нож беа повредени две лица, полицијата изврши претреси на две локации и пронајде три пиштоли, од кои два биле без дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 6 јули, во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, по добиена судска наредба, извршиле претреси на две локации поврзани со 38-годишниот Б.И. од Тетово.

При претрес на патничко возило цитроен со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., бил пронајден пиштол што го поседувал со дозвола, додека во неговиот дом била пронајдена рамка за оружјето.

Во објект во Тетово, исто така сопственост на Б.И., полицијата пронашла уште два пиштоли за кои немало дозвола, како и тефтери со евиденција и пари.

Поради сомнение за сторени кривични дела, од слобода се лишени 62-годишниот Ш.А. и 60-годишниот Е.А., двајцата од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ