Во регионот инфлацијата во јуни во Грција беше 3,9%, Бугарија – 5,6%, Хрватска – 4,5%, Словенија – 3,6%, Турција – 32,11%…
Во Косово во мај годишната инфлација беше 6,8%, БиХ – 5,6%, Црна Гора – 3,6%, Србија – 3,5%, Албанија – 3%…
Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022 тогаш бројките се следни: јуни 2026 – 3,4%
– јуни 2022 – 14,5%. Ова се бројките кога ќе се споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина, а втората со нападот на САД на Иран.
Инфлацијата во Македонија во јуни најниска во регионот
Во Македонија годишната инфлација во јуни е 3,4%. Инфлацијата кај храна и безалкохолни пијалоци е 2,5%, а облека и обувки 2,1%. Годишната инфлација во јуни ја зголемуваат алкохолните пијалоци, тутун и наркотици со 9,3% и транспортот со 6,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Објавено на
часот





