Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 6 јули во 17:50 часот, а во неа учествувале патничко возило бмв со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Е.К. од селото Визбегово, и патничко возило сеат леон со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од селото Бразда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во бмв, 25-годишниот Д.С. од селото Сингелиќ. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничката во сеат леон, 24-годишната И.П. од селото Бразда.
Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.





