Активноста се реализира врз основа на Протокол за соработка за време на туристичката сезона, а од утре и официјално започнува функционирањето на мешовитите полициски патроли.
Од СВР Охрид информираат дека заедничките патроли треба да придонесат за поголема безбедност на граѓаните и на бројните туристи од Србија кои летуваат во Охрид.
Во текот на патролирањето, српските полициски службеници ќе постапуваат согласно законодавството на Македонија, нема да носат оружје и ќе им даваат поддршка на македонските полицајци.
Пред официјалното започнување на ангажманот, српските полицајци беа запознаени со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полицијата.





