вторник, 7 јули 2026

Влада: Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени избори за избор на нов градоначалник, согласно законските рокови и процедури.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница за настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

„Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник“, изјави Митева.

Од Владата посочуваат дека со усвојувањето на информацијата и донесувањето на одлуката се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка во согласност со важечките прописи и рокови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ