вторник, 7 јули 2026

Муцунски во Катар: Се разгледуваат можностите за авиолинија Скопје – Доха

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби, со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со раководството на „Катар ервејс“, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претставил инвестициската отвореност на Владата, а се разговарало и за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха, соопшти МНРиНТ.

Соговорниците се согласиле дека подобрата авиоповрзаност ќе придонесе за развојот на туризмот, трговската размена, бизнис-контактите и мобилноста на граѓаните, како и за дополнително унапредување на економската и културната соработка меѓу двете земји.

На средбата со Barzan Holdings биле разгледани можностите за соработка во областа на одбранбената индустрија и безбедносните технологии, како и за размена на искуства во развојот на одбранбените капацитети, модернизацијата и зајакнувањето на институционалната отпорност.

Посетата на Муцунски на Катар е во рамки на напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка.с

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ