вторник, 7 јули 2026

Вардар загуби од КуПС на кам-бекот во ЛШ, во Финска оди со „минус два“

Фудбалерите на Вардар претрпеа пораз од КуПС од 0-2 (0-1) во натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Не успеа тимот на Кристијан Фабијани да се наметне против финскиот ривал на Арената „Тодор Проески“, па од стартот беше во подредена улога. Гостите ја имаа првата посериозна закана преку Густав Енгвал, но голманот Давор Талески одбрани.

Кога сите чекаа да се замине на одмор, КуПС успеа да стигне прв до водство. Течеше 45 минута кога Брахима Магаса реализира за 0-1. Иако ситуацијата се проверуваше во ВАР собата, немаше промена на одлуката од теренот.

На самиот старт на второто полувреме Боб Армах ја удвои финската предност во Скопје (0-2). Во продолжението најголемата закана за Вардар ја имаше Бобан Николов со удар кој заврши малку крај стативата. Пех за „црвено-црните“ е исклучувањето на Немања Босанчиќ кој набрзина доби два жолти картони и нема да биде на располагање за реваншот во Финска.

Возвратниот дуел се игра следната среда (14 август) во терминот од 17:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ