Египќаните поведоа преку Јасер Ибрахим, а во првото полувреме Мостафа Шобеир му одбрани пенал на Лионел Меси. Иако Аргентинците имаа уште неколку шанси, а Меси погоди и статива резултатот остана непроменет.
Во вториот дел Мохамед Зико даде гол кој беше поништен поради прекршок. Сепак, девет минути подоцна, поточ но во 67. успеа да го матира Мартинез и вторпат за 0-2.
Сепак, Аргентина одговори со неверојатна завршница. Кристијан Ромеро во 79. минута намали на 1-2, само четири минути подоцна Меси израмни на 2-2, а во втората минута од судиското продолжение Енцо Фернандез со глава го комплетираше пресвртот за голема победа од 3-2.
Во четвртфиналето Аргентина ќе се сретне со победникот од натпреварот меѓу Швајцарија и Колумбија.





