„Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата ‘Каде си’ (Where Are You), која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации“, изјави Али.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата ‘Тивок повик’ (Silent Call), која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
„Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации“, посочи Али.





