вторник, 7 јули 2026

Тошковски-Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на разговорите, информира МВР, била потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство.

„Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик“, информира МВР.

На средбата биле разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници.

Посебен акцент бил ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамки на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ