Во ОВР Гостивар вчера во 21 часот, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Тетово, вчера во 18:50 часот, 28-годишен маж од село во гостиварско пријавил дека околу 06:00 часот бил физички нападнат од страна на неговата баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кисела Вода денеска полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Ј.А. од скопско и В.П. од Скопје, по претходна пријава дека вчера во домот во скопско, физички го нападнале 68-годишниот татко на Ј.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Кавадарци вчера во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода 38-годишната З.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 38-годишен сопруг. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.





