Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица, наведуваат од партијата, бил можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Биле разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата.
Во фокусот на разговорите биле и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени.
„Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ“, велат од партијата.
Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, „со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните“.





